3 април, 2013

Среда – Ден за новиот видео запис „СРЕЌА” на Слаткаристика

По успешната 2012-та година – промoција на „Новиот албум“, концерт и повеќе видео записи, нашиот хип-хоп артист Слаткаристика денес го претставува новиот видео запис за песната „Среќа“ која се наоѓа на неговиот последен албум. Видеото за „Среќа” е дело на Владимир Ивановски – Дади и е интересна реализација на среќен текст кој се испишува во кадри од секојдневието.

Денес е среда – среќен ден, и по тој повод Ви го презентираме новиот видео запис на Слаткаристика за песната “Среќа”. Видеото од денес ќе може да го погледнете на официјалниот канал на Ју Тјуб на Слаткаристика. Овој ден нека Ви е среќен како и секој нареден… Ви посакува Слаткаристика!



Врати се горе ↑