30 септември, 2015

„Срцево знае најдобро“ е новата песна и видео запис на Емил Арсов

Емил Арсов денеска ја претстави својата нова песна насловена „Срцево знае најдобро“, која пристигна заедно со видео запис. Како автор на музиката се потпишува Јован Јованов, текстот е дело на Елвир Мекиќ, аражманот го направи Иван Јованов, а екранизацијата е во целосна режија на продукцијата „Фабрика“.

„Искрено малку сум во гужва, гледам на сите да им обрнам внимание и до сите соработници навреме да ја доставам новата песна заедно со видео записот. Пред една недела дипломирав на отсек соло пеење, а веќе за две недели заминувам за Лондон каде сакам да продолжам со магистерски студии“, откри Арсов за Вистина.мк.

Покрај Емил и атрактивната манекенка која ја игра главната улога, во видео записот се појавуваат и момците од „Инструментал бенд“ од Битола, а како изгледа и звучи сето тоа можете да погледнете горе. Уживајте!



Врати се горе ↑