Балкан eurovision

29 ноември, 2012

Србија ќе го избира евровизискиот претставник на „Беосонг 2013“

По бројните шпекулации за евровизиски претставник на нашиот северен сосед, РТС сепак реши пратставникот да се избере на фестивалот „Беосонг 2013“ кој ќе се одржува во две фестивалски вечери во март следната година. Конкурсот за овој фестивал ќе биде објавен на 1-ви декември. Во првата полуфинална вечер ќе можат да се претстават 15 композиции, а со гласање по пат на СМС ќе бидат избрани 5, од кои на финалната вечер ќе се избере победничката композиција што ќе ја претставува Србија во Малме, Шведска.

Според финансиските можности, овој фестивал ќе се одржи во студиото на РСТ со директен телевизиски пренос.



Врати се горе ↑