Балкан

12 март, 2018

„Спутњик“ го претстави својот прв албум „A Memory of Fire“

После три години компонирање и дури 5 години снимања и продукции, новосадскиот електро-рок бенд „Спутњик“ (Sputñik) го објави својот деби-албум насловен „A Memory of Fire“, кој излезе за најстарата независка издавачка куќа „Тејк ит ор лив ит рекордс“ (Take It Or Leave It Records).

Бендот се инспирира од традицијата на инди-рокот и електро-попот од последните четири децении, црпејќи го од секоја деценија она што им се допаѓа и пеејќи на англиски јазик, во својата специфична „кросоувер“ варијанта. Во рамките на промоцијата, групата објави четири видео-синглови: „Subtly Dalecately Hopelessly“, „You Know You Live In Between Worlds“, „The Beginningи „Dry Mouth“ во соработка со „Сајборгс он крек“ (Cyborgs On Crack).

 

„Иако сите песни се создадени во периодот од 2013 до 2015 година, освен ’The Drinkable World’, која е од далечната 2000 година, ни требаше време за да ги снимиме сите елементи, трекови, вокали, гитари… продукцијата и постпродукцијата. Албумот има 13 песни, како што ќе има и секој следен албум, и да, во тое има скриено значење. Првиот дел од албумот се песни со средна брзина, а потоа се оди кон кулминација, за на крајот да се угасне со последната песна, која е речиси идентична со првата, освен што по тоналитет е нешто пониска и побавна по ритам“, вели фронтменот на бендот, Жикица Милошевиќ.

 

Албумот е достапен и во физичко издание (компакт-диск), како и на сите релевантни дигитални платформи:

Sputnik – A Memory of Fire

Google play  https://tinyurl.com/ydxg4sus

Amazon  https://tinyurl.com/ybr7qs5f

Deezer https://tinyurl.com/yd6zlxtw

iTUnes  https://tinyurl.com/y7a9d358

Spotify  https://tinyurl.com/y8otk5ej

„11 од 12-те текстови на албумот (една е интрументална) се преработени песни од мојата збирка ’Од непробојних гвоздених нити и елегантних латица треба да је ноќ’, така што тие се, всушност, своевиден сандтрак за книгата, и тоа прв дел. Вториот албум ќе ја продолжи истата традиција, со јаки текстови кои се наоѓаат ’под’ или ’над’ музиката, како и да го сфаќате тоа. Во текот на снимањето се променија многу луѓе кои или поминаа низ бендот или гостуваа, но 11-те централни песни ги направи екипата што ја сочинуваме: јас, клавијатуристот Домагој Кршиќ, Анамарија Тумбас на вокал и Валеријан Буила како продуцент, додека првата тема ’The Drinkable World“ ја направи екипата во состав Јована Симона Бошњак (вокал), Владимир Мориц (клавијатури и продукција) и Славољуб Благојевиќ (гитара). Сега се подготвуваме за промоција на албумот и наскоро ќе ве поканиме на свирка“, додава Милошевиќ, видно задоволен со сработеното што се најде на првенчето „A Memory of Fire“.

Бендот денеска го сочинуваат: Жикица Милошевиќ (вокал, дајре), Владимир Чудинов (гитара), Виктор Винаји (бас), Кирил Бојко (гитара, синтисајзер), Валерија Нестерова (вокал), како и Невена Рељин (вокал) на фестивалите и поголемите свирки.



Врати се горе ↑