Свет gotye_somebody_that_i_used_to_know

1 декември, 2012

Spotify: Топ 10 листа за 2012 година

Еден од најпопуларните глобални музички стриминг сервиси, познатиот Спотифај (Spotify), ја објави овогодинешната листа на која се открива кои се песните кои ги слушале нивните 15 милиони корисници ширум светот. Други статистички податоци се за најслушани женски изведувачи, а тоа се Ријана, Ники Минаж и Адел, додека од машките изведувачи најслушани беа Дејвид Гета, Фло Рајда, Еминем и Скрилекс, а Гета го има и најслушаниот албум „Nothing But the Beat“.

Меѓутоа, една песна се издвојува како најслушана, како во „апсолутната категорија, така и на листата на најслушани во САД. Се работи за сега веќе легендарниот хит сингл „Somebody That I Used To Know“ на Готје во соработка со Кимбра, која се појави на почетокот на оваа година. Овој хит ги „победи“ летните синглови како што е „Call Me Maybe“ на Карли Ре Џепсен, дури и сензацијата „Gangnam Style“ која се најде многу пониско на оваа листа.

Спотифај има објавено листи од повеќе категории, а топ 10 најслушани за 2012 година се следните:

1. Gotye featuring Kimbra“Somebody That I Used To Know”

 

2. Fun. featuring Janelle Monae“We Are Young”

 

3. Carly Rae Jepsen“Call Me Maybe”

 

4. Fun.“Some Nights”

 

5. Maroon 5 featuring Wiz Khalifa“Payphone”

 

6. One Direction“What Makes You Beautiful”

 

7. Flo Rida featuring Sia“Wild Ones”

 

8. M83“Midnight City”

 

9. The Wanted“Glad You Came”

 

10. Nicki Minaj – “Starships”

Извор: mtv.rs/huffingtonpost.com



Врати се горе ↑