Аудио h

20 септември, 2015

Според научниците, ова е најрелаксирачката мелодија снимена досега

Оваа осумминутна песна е одлична комбинација од аранжирани хармонии, ритми и бас линии што придонесува за побавно чукање на срцето, го намалува крвниот притисок и нивото на стрес. Песната вклучува гитара, пијано и електронски примероци од звуци од природата.

Имено, во една студија биле опфатени 40 жени, кои биле поврзани со сензори и имале задача да решат одредени загатки за одредено време со цел да го намалат нивото на стрес. За тоа време им биле пуштани различни песни за да ги тестираат отчукувањата на срцето, крвниот притисок, дишењето и мозочната активност. Резултатите покажале дека песната „Weightless“ била за 11% порелаксирачка од која било друга песна, а направила да им се приспие и на жените во лабораторијата. Резултирала и со 65-процентно намалување на целокупната напнатост и ги довело до 35% пониско ниво на стрес од вообичаеното за време на одмор.

Според Лиз Купер, основач на Британската Академија за звучна терапија, песната била создадена користејќи разни научни теории и употребувајќи музички принципи што се познати по своите смирувачки ефекти. „Маркони јунион“ (Marconi Union) ги искомбинирале токму тие елементи за да ја направат најсовршената песна за релаксирање. Песната започнува со ритам од 60 бита во минута, па постепено се намалува на околу 50, така што слушајќи ја песната, отчукувањето на срцето автоматски се синхронизира со тој ритам.

Таа додала и дека песната треба да трае 8 минути бидејќи потребни се 5 минути за слушателот да почне да се забавува. Празнините меѓу нотите биле одбрани за да создадат чувство на еуфорија и удобност. Исто така, во песната нема мелодии што се повторуваат, што придонесува слушателот да го „исклучи“ мозокот бидејќи не мора да предвидува што е следно. Повремените звонења во песната предизвикуваат подлабоко чувство на релаксација, а последниот елемент е тивко потпевнување, налик на будистичко пеење.

Звучните терапии се користат веќе илјадници години за да им помогнат на луѓето да се опуштат и да го подобрат своето здравје и благосостојба. Во повеќе домородни култури музиката го зазема централното место кога станува збор за лечење и обожување. Оваа песна е идеална за опуштање на крајот на напорниот ден.

Според д-р Дејвид Луис-Хоџсон од „Мајндлеб интернејшнал“ (Mindlab International), кој го водеше истражувањето, оваа песна индуцира огромна релаксација, повисока од која било друга музика тестирана досега. Според студиите за мозочни обработки на слика, музиката делува на длабоко ниво во мозокот, стимулирајќи ги не само деловите одговорни за процесирање на звуци, туку и оние поврзани со емоциите.  Песната „Weightless“ може да направи да се чувствувате поспано и затоа не се препорачува да се слуша додека возите. Ричард Талбот од „Маркони јунион“ бил фасциниран што имал можност да работи со терапевт и да научи зошто одредени звуци имаат влијание на расположението на луѓето. Иако отсекогаш ја знаел моќта на музиката, претходно пишувал песни водејќи се од инстиктот.

И во истражувањето спроведено од компанијата за купки и гелови за туширање – „Радокс спа“, било откриено дека оваа песна е уште порелаксирачка од масажа, прошетка или шолја чај. Според Кеси Шатлвуд од „Радокс спа“, разбирливо е да не се трошат многу пари на масажи, викенди во бањи или часови по јога за да се намали нивото на стрес.

Десетте најрелаксирачки песни Ве очекуваат во продолжение.

1. Marconi Union – Weightless

2. Airstream – Electra

3. DJ Shah – Mellomaniac (Chill Out Mix)

4. Enya – Watermark

5. Coldplay – Strawberry Swing

6. Barcelona – Please Don’t Go

7. All Saints – Pure Shores

8. Adele – Someone Like You

9. Mozart – Canzonetta Sull’aria

10. Cafe Del Mar – We Can Fly

 Извор: www.whydontyoutrythis.com



Врати се горе ↑