Аудио artworks-000049424756-rzvw3b-t500x500

2 јуни, 2013

„Spin Off“ – ново ЕП издание од Кирил Џајковски

Само неколку месеци по успешниот сингл „Hell Of a Road“, Џајковски објавува уште едно клупско дело. И овој пат станува збор за песна која поминува одлично на неговите концертни настапи, но за разлика од брејкбит ориентираниот претходник, повеќе припаѓа во современиот драменбејс израз. Во новиот хит насловен „Spin Off“, за вокалите е задолжен австралискиот рапер MC Wasp.

1. Spin Off (VIP Mix) 4:50

2. Spin Off (Lynx Remix) 5:46

3. Spin Off (Treo Remix) 5:57

4. Spin Off (Etheric Loopz Remix) 4:15

5. Spin Off (Lynx Remix Instrumental) 5:20

Изданието го отвора специјалниот ВИП микс, со вовед што постепено ја гради тензијата, а сепак ја задржува цврстината и клупскиот потенцијал на оригиналот. Lynx, еден од најбараните продуценти на електронска музика на денешнината и претставник на светската драменбејс елита, создал ремикс кој носталгично не враќа во златното време на драменбејсот, со хипнотизирачки грув и атмосфера која потсетува на најдобрите изданија на Рони Сајз.

Ѕвездата во подем Treo, ја спакувал Spin Off на типичен Virus начин со продукција со која би се гордееле и Ed Rush & Optical, притоа докажувајќи дека tech-step звукот може да звучи свежо и модерно и во 2013 година. На крајот, редовниот соработник на Филтер, Etheric Loopz, уште еднаш се потврдува како еден од омилените продуценти, со ремикс во кој успеал да вметне здрава доза на funk и модерна bass музика.

Изданието веќе ја има поддршката од голем број клупски и радио диџеи низ светот, меѓу кои и Nu:Tone, The Qemists, Major Look, Ed Rush, Vegas, Crystal Clear, Metrik, DJ Hazard, REDS и Bitr8, а својата радио премиера ја имаше оваа сабота во популарната емисија „It Is What It Is“ на легендарниот Laurent Garnier.

„Spin Off“ на Џајковски ќе излезе на 3-ти јуни и ќе се дистрибуира преку сите водечки онлајн музички продавници и стриминг сервиси, а како звучи можете да слушнете во продолжение.



Врати се горе ↑