Настани ImageProxy (5)

25 јуни, 2013

Спектакуларно отворање на Егзит и со Најл Роџерс и Шик

Имаме голема чест и задоволство да најавиме дека отворањето на ЕГЗИТ ќе го одбележи едно од најзначајните имиња во историјата на современата музика и, за многумина, најголемиот продуцент на сите времиња. Во среда, 10-ти јули, на спектакуларниот почеток на на Р: Еволуцијата на Петроварадинската тврдина ќе настапи Најл Роџерс (Nile Rogers) и неговиот оригинален бенд шик (chic)!

Кој е Најл Роџерс? Тешко е да се најдат доволно големи и прецизни зборови кои би го опишале значењето на неговото музичко творештво. Нема да претераме ако кажеме дека тој ќе биде забележан во историјата како еден од луѓето кои најмногу влијаеле врз текот на развојот на популарната музика.

Доволно е да се каже дека е продуцентот, композитор и гитарист кој стои зад најголемите успеси, синглови и великани како што се Дејвид Боуви и Дјурен Дјурен , човекот кој ја создаде Мадона , по кој грабеа гиганти како што се Мик Џегер и Мајкл Џексон. Човекот кој ја докажува својата современост и фактот дека е најголемиот визионер кој било кога го имала денс музиката и со тоа што стои зад најновите хитови на Дафт Панк – „Get Lucky“ и „Lose Yourself to Dance“, како и со работата со имиња како што се Чејс&Статус, Авичи или Феликс да Хаускет. Имињата кои тој ги прослави или со кои интензивно соработувал ги вклучуваат и Систер Слеџ, Ерик Клептон, Роберт Плант, Дајана Рос, B-52s, Инексис и многу, многу други.

Chic, оригиналниот бенд на Најл претставува една од најзначајните појави во поп и диско музиката било кога. Нивните хитови сте ги чуле милион пати, а исто толку пати и се семплувани – Good Times“,„Dance, Dance, Dance“, „Everybody Dance“ и посебно I Want Your Love“ и Le Freak, со незаборавниот извик „aaah, freak out,“ претставуваат темел на современата денс музика.

Диско музиката стана уметнички вреден жанр во оној момент кога Chic во неа го внесоа пеењето блиско до соул музиката, како и храбрата употреба на гудачки инструменти, не губејќи, туку само забрзувајќи го агресивниот фанки ритам. Нивните едноставни текстови, полни со наизглед едноставен, ведар ескапизам, криеја и не така наивен критички коментар на Америка за време на тогашната економска криза. Како олицетворение на оптимизмот на диско културата, chic стана една од најкомерцијалните афро-американски поп групи на сите времиња, благодарение на единствената серија хитови, кои и денес ги освојуваат срцата со својата племенитост и неодолив ритам.

Легендарната, заразно мелодична бас линија од „Good Times“, се најде цитирана во песните на Блонди, Квин, Грендмастер Флеш, Бисти Бојс и многу други, покажувајќи го правецот во кој ќе може да се развива музиката. Од таму до хаус музиката беше потребен само еден чекор, кој го направија многубројни продуценти и диџеи, градејќи ја современата денс музика. Секој пат кога ќе чуете денс ритам со женски соул вокал, знајте дека Chic го започнаа овој правец на валканите улици на Њујорк, во времињата кои не беа многу поинакви од денес, освен што тогаш беше можно да се верува во подобро утре, а тоа се слуша токму во нивната музика.

За да откриете за уште кои сѐ хитови е заслужен великанот Најл Роџерс, погледнете го следното видео: 

 

Увертира за диско експлозијата ќе пружат неверојатните гласови од Viva Vox хорот, кои претежно се занимаваат со акапела (без инструменти) обработки на поп-рок музика придружени со битбокс. Гласовите на овој хор експериментираат со различни музички жанрови и ги поместуваат границите на невозможното кога е во прашање човечкиот глас!

За оние кои  сѐ уште не ги набавиле фестивалските влезници, а планираат да го посетат отворањето на фестивалот, EXIT истакнува дека целокупниот приход од влезниците за овој ден на фестивалот ќе биде наменет за обнова и промоција на туристичкиот капацитет на Петроварадинската тврдина.

Петдневните влезници Exit C Air уште се за достапни по промотивната цена од 3,580 МКД сѐ до 1-ви јули до полноќ. По оваа цена, од 2-ри јули, влезниците ќе изнесуваат 4,510 МКД сѐ до 6-ти јули до полноќ. Актуелната промотивна цена на еднодневните влезници од 1,560 МКД ќе трае до 1-ви јули , до полноќ, а веќе од 2-ри јули цената за еден ден на фестивалот ќе изнесува 1,890 МКД. За време на одржувањето на фестивалот, цената на еднодневните влезници ќе биде поскапа, така што промотивниот период од продажбата е идеална прилика за сите оние на кои EXIT им е најубавиот летен период, да дојдат до своите карти на најлесен начин.

Р: Еволуцијата почнува на главната бина на EXIT! Се гледаме.



Врати се горе ↑