Настани 7b41cd45-b994-476d-ac33-f9a548892b2f

15 февруари, 2016

Спектакуларниот светски мјузикл „Мама миа!“ на големата сцена во МНТ

ПОЧНУВА ПРОДАЖБАТА НА БИЛЕТИТЕ ЗА НАЈГЛЕДАНИОТ МЈУЗИКЛ ВО СВЕТОТ!

Вистинскиот светски театарски феномен, мјузиклот МАМА МИА! конечно ќе има своја премиера пред македонската публика, која ќе се одржи на 10 март (четврток) во Македонски народен театар во Скопје. Со почеток во 20.00 часот,на големата сцена во МНТ за првпат кај нас ќе имаме можност да го погледнеме најуспешниот современ мјузикл, а во изведба на реномираниот белградски театар „Позориште на Теразијама!

„Мама миа!“ е светски најгледаниот мјузикл кој секаде ширум светот е распродаден со месеци однапред, додека пак неговите изведби од страна на единствениот специјализиран музички театар во регионов, „Позориште на Теразијама“, редовно и без исклучок се проследени со бурни овации од публиката ширум регионот која на нозе и со восхит го дочекува спектакуларното шоу. Станува збор за спектакуларно тричасовно шоу во исклучително квалитетна изведба на веќе високо признатиот театарски ансамбл кој со прикажаниот професионализам, неверојатна енергија, ентузијазам и посветеност се надминува себеси токму во оваа претстава.

Мјузиклот „Мама миа!“ е еден од најпознатите наслови на џубокс-мјузикл жанрот, на кој сите нумери се најголемите хитови на шведската група „АББА“, а од светската премиера во Лондон, овој мјузикл досега е изведуван во 40 земји, го погледнале 50 милиони луѓе, а доживеа и успешна екранизација. На светските театарски сцени „Мама миа!“ секојдневно се изведува во најмалку седум различни продукции, а тоа нималку не изненадува кога се има предвид популарноста на мјузиклот како жанр, но и популарноста на песните на омилената шведска четворка, кои со текот на времето не бледнеат туку уште посилно одекнуваат на сите меридијани. Феноменот на составот „АББА“ во деведесеттите, по распадот на бендот, доби сосема нова димензија и тоа токму во овој мјузикл кој премиерно беше изведен во Лондон во 1999 година. Публиката уште од првата изведба беше освоена со љубовната приказна прераскажана преку добро познатите хитови како што се  „Chiquitita“, „Dancing Queen“, „I Have A Dream“, „Knowing Me Knowing You“, „The Winner Takes It All“, „Super Trouper“, „Take A Chance On Me“, „Voulez Vouz“...

Но, покрај тоа што ги претставува некои од најпознатите поп песни на сите времиња, мјузиклот „Мама миа!“ е романтична љубовна приказна за среќата и исполнетиот живот на која никој не може да остане рамнодушен. Со оригиналната музика и текстови на Бени Андерсон и Бјорн Улвеус, кои заедно со Стиг Андерсон и еден од најдобрите британски драматурзи Кетрин Џонсон се потпишуваат како автори на мјузиклот, „Мама миа!“ освои многу светски театарски сцени меѓу кои и „Бродвеј“.

Локален копродуцент на овој мјузикл е познатиот екс-ју скијач и олимпиец Јуре Франко, кој чекаше дури шест години за добивање на лиценцата за територијата на поранешната држава. Благодарение на „Теди медија груп“ ДОО Скопје, кој е носител на овој проект кај нас, Мама миа!“ првпат доаѓа и пред македонската публика и тоа со целокупниот тим (актерите, балетот, оркестарот, хорот) на единствениот „Позориште на Теразијама“.

Билетите за премиерното прикажување на мјузиклот „МАМА МИА!“ во Скопје ќе бидат достапни во продажба од денеска, понеделник (15 февруари 2016), а ќе можете да ги набавите преку продажната мрежа на МКтикетс:

  • Продажните салони на ONE низ Македонија: Скопје (Ramstore, ТЦ Бисер, ГТЦ, ВЕРО Центар, Skopje City Mall), Куманово, Тетово,Гостивар, Битола 01, Охрид, Струга, Неготино, Кавадарци, Прилеп, Штип, Велес, Кочани, Струмица, Гевгелија;
  • Скопје во: Југотон( ГТЦ, 1 кат), Универзална Сала, Тобако – МПМ ПРЕС, Тобако  Гоги – Драчево , Тобако Дрводекор, Тобако 2 – Скопјанка;
  • Oранж Тобако – Тетовo;
  • Њу Тобако – Охрид;
  • и билетарницата на МНТ (Скопје).

Судејќи по огромниот интерес на публиката кај нас и тоа само по првото најавување на настанот, ве советуваме што поскоро да го обезбедите вашиот билет, а сите детали за продажбата на билетите се достапни на www.mktickets.mk и официјалната фејсбук страница за овој настан.

 



Врати се горе ↑