3 февруари, 2014

Спектакуларен настап на Бруно Марс на полувремето на „Супер боул“

Сопственикот на мегахитот „Locked Out Of Heaven“ и добитникот на Греми награда за Најдобар поп вокален албум за „Unorthodox Jukebox“, Бруно Марс вчера ја имаше честа да настапи на полувремето на најгледаниот спортски настан во САД, „Супер боул“. Спектакуларниот настап, кој траеше десетина минути, започна со рефренот на неговиот прв хит „Billionaire“ отпеан од детски хор, а Марс го прикажа и неговиот талент за тапани кој го наследи од неговиот татко.

Покрај хитовите како што се Locked Out Of Heaven“, „Treasure“ и „Just The Way You Are“, со која го заврши настапот, на сцената како специјални гости се појавија и момците од „Ред хот чили пеперс“ и дополнително ја загреаја атмосферата со „Give It Away“. Како изгледаше сето тоа проследено со спектакуларен огномет можете да видите горе.



Врати се горе ↑