Видео 4e9a317ce6338ee2cf6df016c2ce0f5e3b036cb7cec980b1fdb4de5623282e46

2 јуни, 2015

Спектакуларен концерт на „Уан репаблик“ во Скопје!

Македонската публика вчера за прв пат имаше можност да ужива во концертот на една од најпопуларните групи во светот – „Уан репаблик“! Бендот предводен од познатиот музичар Рајан Тедер, кој пишува хитови и за ѕвезди како што се Адел, Бијонсе, Леона Луис и други, ни приреди спектакл кој ќе го паметиме до крајот на животот, а сигурно ќе нè паметат и тие бидејќи повеќе од 9.000 посетители во еден здив ги пееја сите песни, од прва до последна!

„Секогаш ни претствува особено задоволство кога некаде настапуваме за прв пат“, рече Тедер, додавајќи дека навистина бил шокиран од убавината на нашата земја и вети дека повторно ќе се врати кај нас.

Концертот го отворија специјалните гости од Австрија, поп-рок атракцијата „Мејкмејкс“, кои се толку популарни во родната земја што ја претставуваа и на „Евровизија 2015“ со темата „I Am Yours“. По кусата пауза, на сцената се качија и главните ѕвезди на вечерта, кои во наредните 2 часа заедно со публиката ги пееја хитовите од својот актуелен албум „Native World“, а нè потсетија и на постарите рефрени од песните „Apologize“, „All The Right Moves“, „Stop And Stare“ и други, како и дел од песните од нивните колеги Сем Смит (Stay With Me), Џорџ Езра (Budapest) и евергринот „What a Wonderful World“ од Реј Чарлс.

Навистина нема зборови со кои може да се опише синоќешниот спектакл, тој што бил знае, а тој што не бил нека се кае! Огромна благодарност до „Авалон продукција“ што ни ги донесе и што одлично си ја заврши работата, па се надеваме дека ќе продолжат да ја ставаат Македонија како задолжителна станица на турнеите на сите светски ѕвезди!

Дел од атмосферата можете да погледнете преку фотографиите во продолжение, како и видеата прикачени од бројните посетители на концертот. Уживајте!

Ивона Јанкова

Фотографии: Јулијана Невеновска

видео: Васко Спасоски

 

видео: Mackasodevetzivoti

 

видео: Елнур Набиви



Врати се горе ↑