Концерт

16 февруари, 2017

Спектакуларен концерт на најголемата балканска дива во Скопје

Најголемата балканска ѕвезда, Светлана Ражњатовиќ – Цеца, на 25 март ќе одржи голем концерт во Скопје, во ВИП арената „Борис Трајковски“. Салата ќе биде претесна за да ги собере фановите на Цеца на концертот за кој што и самата вели дека ќе биде вистински спектакл.

Со песните од новиот албум, „Аутограм”, „Јадна ти је моја моч”, „Трепни”, „Дидуле” и многу други, мегапопуларната и најбарана балканска дива Цеца Ражнатовиќ веќе полни концертни сали низ цел Балкан и низ цела Европа. Овој пат на ред е нашиот главен град каде Цеца ќе приреди концерт за паметење, речиси 3 часа ќе одекнуваат нејзините најголеми хитови. Ни претстои вечер исполнета со многу музика и забава.

CECA EVENT

Влезниците се веќе пуштени во продажба, а концертот брзо се распродава. Се очекува вистински спектакл! Билетите, кои се во ограничен број, може да се набават преку продажната мрежа на Купи карти за сè, „Пола Југотон“ и „Цвеќара Розе“ – Веро 2.

За фановите на Цеца од сите градови низ Македонија, има организиран превоз. За најголемите фанови во продажба се пуштени Фан Пит карти, а доколку се одлучите за ВИП доживување на овој концерт, може да направите резервација.



Врати се горе ↑