Видео

21 јуни, 2016

Спектакуларен концерт на Енрике, вечерва на ред е Џон Њуман

Вчера вечер во ВИП арената во СЦ „Борис Трајковски“ се одржа долгоочекуваниот концерт на латино ѕвездата Енрике Иглесијас, кој за првпат настапи пред македонската публика во рамките на светската турнеја „Sex+Love“. Во текот на концертот пејачот повеќе пати се качи на трибините, застана на оградата и се поздравуваше со среќните обожаватели.

„Фала ви на сите што ја направивте оваа вечер незаборавна… ама и нему. Дечкото остави срце на терен“, се заблагодарија од „Авалон продукција“, додавајќи дека во арената имало 10.000 посетители. Во публиката имаше обожаватели од Скопје, но и од другите градови од Македонија. Партерот беше преполн, а на трибините имаше само понекое слободно столче.

Дел од атмосферата на концертот можете да погледнете на фотографиите и видеата што ве очекуваат во продолжение. Уживајте!

Фотографии: Ѕвонко Плавевски (Авалон)

Видео: Телеграф

После вчерашниот спектакл, вечерва на ред е уште еден одличен концерт на светската ѕвезда Џон Њуман, кој исто така е во организација на „Авалон“, а сите кои вчера биле на концертот на Енрике, ќе можат да си набават влезница и за Џон Њуман со доплата од 500 денари. Како специјални гости ќе настапат Даниел Кајмакоски и „Ај кју“.



Врати се горе ↑