Концерт simply-red-site

1 март, 2016

Спектакл на годината: „Симпли ред“ во Белград и Загреб!

Еден од најдобрите светски мејнстрим бендови на сите времиња, „Симпли ред“ (Simply Red) ќе одржи два концерта, во букинг и организација на „Авалон продукција“, на 22 и 23 јуни во Загреб и во Белград. Концертите ќе бидат во рамките на манифестациите „Загреб колинг“ и „Белград колинг“, велат од продукцијата.

„Симпли ред“ ќе настапат во рамките на светската турнеја, во која го промовираат својот најнов албум насловен „The Big Love“, а за време на двочасовниот настап во Загреб и во Белград ќе изведат Best Of програмa, со легендарните хитови: „Something Got Me Started“, „Sunrise“, „Holding Back the Years“, „If You Don`t Know Me By Now“, „It`s Only Love

 

За настанот да биде уште поголем ќе се подгрижат специјалните гости Натали Диздар, која ќе ги отвори вечерите и потоа извонредната загрепска група „Џинкс“.

Интресно е што „Симпли ред“ за првпат ќе одржат свој концерт во Загреб и тоа на омилениот open air простор на загрепчани, култната „Шалата“, додека концертот во Белград ќе биде на комплетно реновираниот стадион „Ташмајдан“.

 

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од утре преку глобалната мрежа на „Евентим“. „Авалон продукција“ ветува дека за сите фанови на „Симпли ред“ од Македонија кои што ќе сакаат да одат на на концертите во Белград и во Загреб, ќе обедзбеди доволен контингент на карти за двата концерта. Влезниците во продажба за Македонија ќе бидат пуштени преку продажната мрежа на „Купи карти за сè“ и онлајн на www.kupikartizase.com.

Како што најавивме претходно, првиот хедлајнер на „Белград и Загреб колинг“ ќе биде британската соул ѕвезда Џон Њуман.

 



Врати се горе ↑