Македонија 1422391_615811115141924_446617514_n

7 ноември, 2013

Спасе Матлиоски сними два видео записа

Фолк пејачот Спасе Матлиоски снимаше два нови видео записа за песните „Љубице“ и „Печалбарска свадба“. Видео записот за „Љубице“ се снимаше во Охрид, а за „Печалбарска свадба“ во Струга, поточно во родното место на Спасе, Мороишта. Освен Спасе, во видео записите свое учество зедоа и играорци од културно уметничкото друштво Илинден од Струга. Видео записите ги снимаше ЕВ продукција, а премиерно ќе бидат прикажани на австралиската ИНТВ. Ново од Спасе е тоа што во декември заминува на едномесечна турнеја низ Австралија заедно со Ферус и Лидија Спасовска.



Врати се горе ↑