Свет пг

29 март, 2016

„Спајс грлс“ ќе ја прослават 20-годишнината со турнеја

Некогашната најпопуларна женска група од деведесеттите години, „Спајс грлс“ подготвува роденденска турнеја со која ќе го одбележи јубилејот од 20 години од основањето. По тој повод се огласи Мел Би, изјавувајќи: „Луѓе, тоа е нашата 20-годишнина, па не би било во ред да не го одбележиме датумот. Очекувајте луда забава“.

За жал, на Мел Би, Мел Си, Ема Бантон и Џери Халивел нема да им се придружи колешката Викторија Бекам, која смета дека заедничкиот настап на затворањето на Олимписките игри во Лондон беше одличен крај на музичката кариера, па не сакала да го расипува впечатокот.

Пред точно 20 години, нивниот деби сингл „Wannabe“ го освои светот, отворајќи им го патот за светска доминација. Мегахитот беше прогласен и за најпрепознатливата песна во Велика Британија, а како звучеше сето тоа можете да се потсетите во продолжение.



Врати се горе ↑