Свет sg

3 ноември, 2014

„Спајс грлс“ ја имаат најпрепознатливата песна на сите времиња во Велика Британија

Љубителите на музиката многу добро знаат што сакаат, особено кога станува збор за заразна мелодија, а тоа е деби синглот на некогашната најпопуларна женска група „Спајс грлс“, темата „Wannabe“. И покрај тоа што е објавен пред 18 години, познатиот хит неодамна беше прогласен и за „најпрепознатлива песна во Велика Британија“. Имено, во едно онлајн истражување кое опфатило 12 000 луѓе, учесниците ја препознавале песната за само 2,3 секунди, во споредба со просечните пет секунди за други популарни песни.

Експериментот бил спроведен преку онлајн играта „Навлечени на музика (Hooked on Music)“, а бил развиен од страна на Музејот за наука и индустрија (Мosi).  Во рамките на истражувањето, учесниците биле замолени да идентификуваат песна што е можно побрзо, а претставени биле 1000 снимки, од четириесеттите години на минатиот век сè до денес. На учесниците им биле доволни просечно по 2,29 секунди за да го препознаат најзаразниот дел од „Wannabe“, односно стихот „if you wanna be my lover“, кој започнува во 45-тата секунда.

 

Хитот „Mambo No. 5“ на Лу Бега се нашол на второто место, а трет најпрепознатлив хит е „Eye of the Tiger“ на „Срвајвр“. Учесниците ги препознавале овие песни за просечно 2,48, односно 2,62 секунди, откриле на фестивалот за наука во Манчестер. Следното видео ги прикажува десетте најпрепознатливи песни според резултатите од горенаведеното истражување, а веднаш потоа можете да ја погледнете и целосната листа од 20 најпрепознатливи песни и за колку секунди биле препознати од слушателите.

 

  1. Спајс грлс – Wannabe – 2,29 секунди
  2. Лу Бега – Mambo No. 5 – 2.48 секунди
  3. Срвајвр – Eye of the Tiger – 2.6 секунди
  4. Лејди Гага – Just Dance – 2.66 секунди
  5. АББА – SOS – 2.73 секунди
  6. Рој Орбисон – Pretty Woman – 2.73 секунди
  7. Мајкл Џексон – Beat It – 2.80 секунди
  8. Витни Хјустон – I Will Always Love You – 2.83 секунди
  9. Хјуман лиг – Don’t You Want Me – 2.83 секунди
  10. Аеросмит – I Don’t Want to Miss a Thing – 2.84 секунди
  11. Лејди Гага – Poker Face – 2.88 секунди
  12. Хенсон – Mmmmbop – 2.89 секунди
  13. Елвис Пресли – It’s Now Or Never – 2.91 секунда
  14. Бахман-Тарнер оуврдрајв – You Ain’t Seen Nothin’ Yet – 2.94 секунди
  15. Мајкл Џексон – Billie Jean – 2.97 секунди
  16. Калчр клаб – Karma Chameleon – 2.99 секунди
  17. Бритни Спирс – Baby One More Time – 2.99 секунди
  18. Елвис Пресли – Devil in Disguise – 3.01 секунда
  19. Бони ем – Rivers of Babylon – 3.03 секунди
  20. Елтон Џон – Candle in the Wind – 3.04 секунди

Извор: dailymail.co.uk



Врати се горе ↑