Свет MDF22200-11-12-2012-21-12-32-380

18 декември, 2012

Спајс Грлс бараат замена за Викторија

Една од најуспешните британски женски групи Спајс Грлс веројатно уште еднаш ќе ги здружат силите за да ја продолжат заедничката кариера. Меѓутоа, како што тврдат извори на британските медиуми, Пош Спајс, односно Викторија Бекам нема да биде дел од овој состав. Мел Би (37), Мел Си (38), Ема Бантон (36) и Џери Халивел (40) се во потрага по нова членка со цел да продолжат да снимаат албуми и да прават турнеи, а преферираат тоа да биде некоја музичарка со искуство во оваа индустрија. Се шпекулира дека новата членка би можела да биде добрата пријателка на Ема, Хајди Рејнџ (29), но за сега не е ништо официјално потврдено.

Во продолжение да се потсетиме на големиот хит од 1996 година – „2 Become 1“.

 



Врати се горе ↑