Свет esl

7 април, 2014

Спајк Ли ќе го режира новиот видео запис на Еминем

Следниот видео запис на Еминем ќе биде во режија на познатиот американски филмски режисер и продуцент Спајк Ли. Откако објавил заедничка фотографија на Инстрграм, режисерот ја потврдил оваа соработка: „Најдоброто од Детроит, Еминем и јас работиме на неговиот краток филм. Историски. Кој би помислил…“напишал тој. Овој „краток филм“ всушност е видео запис за темата „Headlights“ која се најде на актуелниот албум на Еминем и во која гостува колегата Нејт Руес од групата фан. Песната беше вистинско изненадување за сите слушатели на Еминем затоа што претставува извинување за неговата мајка Деби Метерс. Таа во 2009 година поднесе тужба и бараше 10 милиони долари оштета од Еминем затоа што ја опишал како нестабилен корисник на дрога, особено во песната „Cleanin’ Out My Closet“. Како звучи „Headlights“ можете да слушнете во продолжение.

 

 

Што се однесува на Спајк Ли, последниот музички видео запис што го режирал беше во 2009 година за темата „This Is It“ од Мајкл Џексон. Како изгледаше ова сентиментално видео кое вклучува снимки од концертните проби и детството на Џексон во гратчето Гери во Индијана (САД) можете да се потсетите во продолжение.

 

 



Врати се горе ↑