Свет pmrk

20 март, 2015

Соработката на Пол Макартни со Канје и Ријана е очаен потег?

… Барем така мисли поранешната сопруга на легендарниот „Битлс“

Пол Макартни повторно ги освојува топ листите, овој пат благодарение на соработките со современите ѕвезди Канје Вест и Ријана, со кои ги сними темите Only One и FourFiveSeconds. Познатиот музичар се врати меѓу најдобрите 10 на Билбордовата листа за прв пат во последните 29 години, што е навистина импресивно. Меѓутоа, не се сите толку воодушевени од неговото достигнување.

Имено, поранешната сопруга на Макартни, Хедер Милс, во интервју за едно ирско радио изјавила: „На улица луѓето ми приоѓаат мене, а половина од денешните деца воопшто не знаат кој е тој. Затоа мора да снима песни со Ријана и Канје Вест, за да привлече внимание на себе.“ Хедер, која била во брак со Макартни од 2002 до 2008 година, додала дека е сопственичка на најголемата веганска компанија на светот, поради што смета дека е светски позната меѓу денешните „деца“.



Врати се горе ↑