Балкан 5900_jovana-i-zeljko-veseljko-02_af

6 декември, 2012

Сопругата на Жељко Јоксимовиќ стана и негова менаџерка

Од неодамна менаџерскиот дел од работата на српскиот пејач Жељко Јоксимовиќ ја презеде неговата сопруга, водителката Јована, дознава спрскиот портал Ало!. Јована на овој чекор се одлучила со цел да му ја олесни работата на нејзиниот сопруг, со оглед на тоа што тој има многу обврски не само кога се во прашање настапите во странство, туку и компонирањето и работата во студио.

„Откако Жељко одлучи да ги прошири неговите настапи и на странскиот пазат, Јована максимално се ангажира за да му договори што повеќе концерти. Таа комуницира само со странски агенции на кои секојдневно им праќа електронски пораки со предлози за настапите на Жељко и за сега тоа оди одлично. Бидејќи добро го владее англискиот јазик и е вешта во комуникацијата, лесно постигнува договору, па веќе има закажано неколку концерти во престижни европски локации за следната година“ – открил изворот за Ало!, додавајќи дека споменатите настапи ќе бидат различни од она што до сега можела да го види публиката во странство: „Покрај неговиот стандарден репертоар, Жељко ќе изведува и странски песни, како и неговата музика која ја има работено за филмови. Инаку, неговиот долгогодишен менаџер Бане Обрадовиќ и понатаму ќе ги договара неговите стандардни настапи и нема да се меша во делот кој го работи Јована“ – заклучил изворот, чии информации Јована ги демантираше: „Имате погрешни информации, звучи забавно, планирам да почнам и да свирам во неговиот бенд.“

Извор: alo.rs



Врати се горе ↑