Балкан

26 ноември, 2017

„Сонус“ прогласен за најдобар хрватски фестивал

На доделувањето на хрватските музички награди „Амбасадор“, втора година по ред фестивалот „Сонус“ ја освои престижната титула Најдобар фестивал во Хрватска. Во истата категорија беа номинирани исклучително успешни фестивали како фестивалот „Ултра“ во Сплит, фестивалот „Димензии“ (Dimensions) во Пула, фестивалот „Аутлук“ (Outlook) во Пула и „Лав интернејшнал“ (Love International) во Тисно, но гласовите на фановите беа пресудни за победата на „Сонус“.

Elephant_Studio-686

Фестивалот „Сонус“ во 2018 година ќе се одржи од 19 до 23 август, а поволнитите влезници се пуштени во продажба преку продажната мрежа „Ентрио“. Фестивалската влезница вклучува влез во клубовите „Папаја“, „Аквариус“ и „Калипсо“ на плажата Зрче во текот на пет дена и пет ноќи, како и афтерпарти настани.

Фестивалот „Сонус“ секоја година го собира кремот на светската електронска сцена која ги полни најголемите фестивали и клубови ширум светот. Настапите на Карл Кокс, Соломун, Свен Ват, Ричи Хотин, Рикардо Вијалобос, Адам Бејер, Локо Дајс, Крис Либинг, Пан-Пот, браќата Мартинез, „Тејл оф ас“, Џозеф Капријати, Џејми Џонс, Сем Паганини, Сет Трокслер, Марко Карола, Масео Плекс, „Аполонија“, Лен Факи, Матадор, Ензо Сирагуза, Тајни, Моника Круз, се само некои од настапите во кои можеа да уживаат посетителите на фестивалот „Сонус“ годинава.

Elephant_Studio-382

Во организација на тимот на „Сонус“ е и новиот меѓународен фестивал „Уи лав саунд“ (WE LOVE SOUND), кој во 2018 ќе се одржи во Загреб, втора година по ред. За повеќе информации следете го „Сонус“ и „Уи лав саунд“ на друштвените мрежи: Фејсбук и Инстаграм.

Влезници за домашни посетители



Врати се горе ↑