Настани 7a71e00b-927b-46b7-9b16-16bcf20df50c

6 јули, 2015

Сончев „Егзит“ со реге, латино и караоке бините!

Во роденденското издание, покрај настапите на омилените светски ѕвезди на најголемите бини на фестивалот, „Егзит“ подготвува и лепеза од славни стејџови низ Петроварадинска тврдина. Оваа година нѐ очекува топло и суво време во периодот на „Егзит“, па тропските ноќи дополнително ќе ги вжештат врелите танцови чекори на „OTPleši Latino“ (Одиграј Латино) бината, како и неизбежниот „Positive Vibrations Reggae Stage“ (Реге сцена со позитивни вибрации), фамозното место за средби и фестивалскиот Плоштад на мирот и љубовта. И оваа година, двете бини ќе претстават бројни странски гости и добри домаќини.

Во четврток, 9 јули Reggae бината ќе ја отворат Hype, Lion Black, Oranemohhamed, Ras Milenko, Shone Alcapone, Showtime: Cold Fever, Tonny Terror, Keyz, како и Yasser Ranjha. Вториот ден на фестивалот, во петок, 10 јули ќе се претстават Chay Nelle, Irie Revolution Sound, Jah Messenjah, Mak Floss, Showtime: Daddy Ranx, Rivah Jordan, Tommy T и Don Minott, Suppa Natty и DJ Wieyne. Во сабота 11 јули настапуваат Butcha MSN, Dada Selectah, Herbal Queen, Natty Riddim Sound, Showtime: Tasha T, Kafinal, Steel, Korexion, Soul Vibes и Yasser Ranjha. Последниот ден Positive Vibrations Reggae бината ќе ги угости изведувачите како што се Christopher Lewis, Ital Vision, Pushta G, Showtime: Chay Nelle, Mak Floss и Mathew Radics, Superstar Selectah, Wenti Wadada, како и DJ Wieyne!

Егзотичните танци и музиката која ќе ги разигра и најскептичните, се наоѓаат на една од најживите бини, чие име повикува на вистинска акција – OTPleši Latino! Полн со енергија и тропски кореографии, овој стејџ го предводи најразиграниот член на „Егзит“ екипата, кубанскиот мајстор на танцот Чома Сумба Гарсија, кој публиката четири ноќи неуморно ја учи на новите танцови чекори со гласните латино ритмови на изведувачите и танчерите од сите делови на светот! Во четврток, 9 јули на оваа бина ќе настапат Studio Oriental, а покрај нив и Bolero, DJ Frank, DJ Ice, MC Choma, Ritmo Latino, Stylez & Flavaz, Tito & Desiguales и Urban Core. Главни ѕвезди на вториот ден од фестивалот на карневалската бина се Sed Gitana, а покрај нив повторно ќе не забавуваат Bolero, потоа DaNSANDO & Desiguales, Mega Dance, DJ  Moka, DJ Pharmacist, Salsa Enegia, Senoritas, како и неизбежното фрцкање во ритамот на Zumba Star. Во сабота, 11 јули на Латино бината нѐ очекува  Proyecto 5, но и Groove Skulls, Manthock, MC Choma, DJ Pharmacist, Ritmo Latino, DJ Sesa, Tito & Desiguales и Zumba Star. Конечно, последниот ден на фестивалот пријатното воспалување на мускулите од џускање ќе го лекуваме со  Мирко Радовиќ, како и DJ Arceo, Bailando, Just 2 Cool, DJ Moka, Salsa Energia, Urban Core и Zumba Babes!

Одиграј Латино, вдиши длабоко, па Отпеј Караоке, како што гласи и слоганот на сега веќе добро познатата бина на Exit (OTPevaj Karaoke) која посетителите инспирирани од пејачките ѕвезди како што се Emeli Sande, John Newman, Tom Odell и бројни други ѕвезди на Exit, ќе ги стави во самиот центар на фестивалскиот провод со микрофон во рацете, по стариот добар принцип: „Покажи што знаеш, Exit тобоганот е твој“! Во духот на роденденската прослава, оние кои ќе споделат љубов со својата пејачка храброст ги очекуваат и бројни изненадувања, подароци и вредни награди.

 

 

„Егзит“ оди кон историски рекорд – уште сега има над 40.000 посетители по ден на Петроварадинска тврдина!

Остануваат уште неколку дена до големата прослава на 15 роденден на фестивалот „Егзит“, а веќе е извесно дека секоја вечер низ капијата на Петроварадинска тврдина во Нови Сад ќе поминат најмалку 40.000 посетители! Кога се во прашање петок 10 и сабота 11 јули, се очекуваат рекордни 50.000 луѓе дневно, како и досега најразновиден состав на публиката од целиот свет. Оваа година на „Егзит“ доаѓаат гости и уметници од сите шест континенти, од Аргентина до Нов Зеланд, од Русија до С.А.Д.. Оваа година веќе традиционално честите британски гости според бројките ги достигнуваат и гостите од Холандија, Франција, Белгија, Италија, Грција, Русија, Украина, Бугарија, Романија и Германија, како и новите посетители од скандинавските земји. Бројни гости од сите земји од Вардар до Триглав и ова лето се собираат на едно заедничко место, официјалниот град кандидат за Младинска престолнина на Европа – Нова Сад.

Големата „Егзит авантура“ и новото, незаборавно фестивалско летување може да почне со едно од најсилните програмски изданија досега! За време на четирите дена и ноќи на „Егзит“ и исто толку на фестивалот „Си денс“, ќе настапат Mötorhead, The Prodigy, Manu Chao, Rudimental, Faithless, Roisin Murphy, Hardwell, Emeli Sandé, Sigma, John Newman, Capital Cities, Clean Bandit, Tom Odell, Martin Garrix, Gramatik, Leftfield, Tale of Us, Adam Beyer, Chris Liebing, Eagles of Death Metal, Fear Factory, Wilkinson, Zomboy, Roni Size Reprazent, Bondax, Napalm Death, Dubioza kolektiv, Octave One, Soul Clap, Hladno pivo, Artan Lili, Zoster и бројни други за вкупно повеќе од 1.000 уметници на 30 фестивалски бини од Петроварадин до Јаз!  Двете главни бини, Dance Arena, Dance Paradise, Fusion, Explosive, No Sleep Novi Sad, OTPleši Latino, Positive Vibrations Reggae, Future Shock, Urban Bug, World Chill-Inn, Silent Disco и бројни други бини и фестивалски зони, заедно со камповите на „Егзит авантурата“ кои се отвораат на 7, а се затвораат на 20 јули, ќе приредат уште поатрактивно фестивалско летување, единствено од овој вид во цела Европа.



Врати се горе ↑