Свет Adele-Someone-Like-You-Lyrics1

11 април, 2013

„Someone Like You“ е најпродаван дигитален сингл во историјата на Велика Британија

Како што објавија од Official Charts Company, Велика Британија доцна вечерта на 8-ми април го добила и своето официјално „милијардито платено симнување“, за сега не е познато кој ја купил песната, но сосема очекувано е дека станува збор за „Someone Like You“, која во 2011 година Адел ја претстави на нејзиниот мега-успешен албум „21“. Според официјалните податоци, оваа песна е најпродаваниот дигитален сингл од 2004 година, од кога музиката и официјално се дистрибуира на тој начин низ Велика Британија. По овој повод, директорот на Official Charts Company, Марк Талбот изјавил: „Експлозијата во продажбата на дигиталната музика во претходните девет години потврди дека денеска навистина живееме во дигитално доба, како и тоа дека Адел е наша кралица! Во текот на изминатите девет години на легална дигитална продажба на музиката, дури 16 нови песни остварија тираж поголем од милион продадени примероци, што дополнително нагласува колку е важна музиката во дигиталната ера.“

Во продолжение погледнете го списокот од 10 синглови кои во претходните девет години и по милијарда платени преземања завршија на топ листата на „најпродавани британски синглови на сите времиња“.

 “All-Time Official Singles Chart Top 10”

1. ‘Someone Like You’ – Adele
2. ‘Moves Like Jagger’ – Maroon 5 ft Christina Aguilera
3. ‘Somebody That I Used To Know’ – Gotye Ft Kimbra
4. ‘I Gotta Feeling’ – Black Eyed Peas
5. ‘We Found Love’ – Rihanna ft Calvin Harris
6. ‘Sex On Fire’ – Kings of Leon
7. ‘Call Me Maybe’ – Carly Rae Jepsen
8. ‘Party Rock Anthem’ – LMFAO/Lauren Bennett/Goonrock
9. ‘Just The Way You Are (Amazing)’ – Bruno Mars
10. ‘Price Tag’ – Jessie J

Извор: NME



Врати се горе ↑