Свет Adele-Someone-Like-You-Lyrics1

22 декември, 2012

„Someone Like You“ е најбарана песна за караоке

Големиот хит „Someone Like You“ на Адел е најбараната песна на караоке забавите во изминатата година, пишува порталот Lucky Voice кој составил листа од топ 100 најбарани караоке нумери во 2012 година. На оваа листа, британската пејачка доминира со дури три песни. Покрај веќе споменатата балада, други барани песни од Адел се и „Rolling In The Deep“ која се најде на  4-то место и „Make You Feel My Love“ на 6-то место.

На второ место се најде хитот „Call Me Maybe“ од Карли Ре Џепсен, а на третото „What Makes You Beautiful“ од Уан Дајрекшн. Меѓу останатите омилени песни на учесниците во караоке забавите се најдоа и „Bohemian Rhapsody“ од Квин, „Living On A Prayer“ од Бон Џови и големиот хит на Готје „Somebody That I Used To Know“.

 



Врати се горе ↑