26 јуни, 2013

Солунчев продолжува со „#Сус Бе“

Иван Солунчев, еден од членовите на македонската рап група – ЛБ, ја продолжува својата приказна со соло издание под насловот „#Сус Бе“. Јавноста ги знае ЛБ по нивните  хит синглови „Е Не“, „Наше време“, „Седиме до Касно“ и „Лош ти е зарот“, која се најде на саундтракот за филмот „Скопје-Ремиксед“. Новиот сингл е дел и најава за новиот соло албум кој ќе Ви го претстави со уште материјал во текот на оваа година. Улогата на Солунчев во ЛБ, покрај изведувач, му беше видео обработката на спотовите, па така и ова видео за „#Сус Бе“ го има снимено, продуцирано и монтирано неговото „South Blood Studio“, а како звучи и изгледа сето тоа можете да погледнете горе.



Врати се горе ↑