Аудио Najava album

21 декември, 2013

Солунчев најавува видео запис и албум

По неговиот прв видео запис за песната „#Сус бе“, кој беше оценет како квалитетно парче кое го претставува трап звукот во рап музиката, Солунчев продолжува со работа на нов материјал и веќе за почетокот на следната година најавува нов видео запис и деби албум, а промоцијата е закажана за крајот на месец јануари. Видео записот е веќе во изработка и ќе наслика една од песните кои се наоѓаат на албумот, на кој ќе се најдат 12 песни кои се продуцирани и снимени во неговото студио.

Покрај албумот, Солунчев и неговата продукција (South blood studio) најавуваат артисти кои ќе се појават во текот на 2014 година, ЦД компилација и краткометражен филм кој би требало да биде готов во средината на следната година. Една од песните на албумот која носи наслов „Дојди да видиш“ е една од посериозните песни од претстојниот албум, а за што станува збор можете да слушнете во продолжение.

 



Врати се горе ↑