Свет solange640

29 октомври, 2012

Соланж Ноулс го најави новиот албум

Соланж Пјаже Ноулс, попозната само како Соланж, а веројатно и понатаму најпозната како помалата сестра на мега ѕвездата Бијонсе, го најави нејзиниот трет студиски албум „True“ кој е закажан за 27ми ноември. Ова ќе биде прво нејзино издание откако во 2008 година го објави „Sol-Angel and the Hadley St. Dreams“. На новиот албум продукцијата ја потпишуваат Дев Хајнс и Ариел Рехтшајд, а синглот кој го најави е „Losing You“ чиј видео запис беше промовиран на почетокот на месецов.

На албумот ќе се најдат седум нумери, а во продолжение погледнете го најавниот сингл за истиот.

 



Врати се горе ↑