Македонија

20 септември, 2016

СОКОМ-МАП со реација на забраната од ЗАМП

Откако Здружението за заштита на авторските и музички права (ЗАМП) вчера ја објави својата одлука дека од денеска, 20 септември 2016 година, се забранува јавно емитување на музика од автори кои се нивни членови, со реакција се огласи и Сојузот на композиторите на Македонија – СОКОМ.

„СОКОМ-МАП ја информира јавноста дека дека во соопштението на ЗАМП се изнесени бројни невистини информации во врска со нашата организација. СОКОМ-МАП е основан од Сојузот на композиторите на Македонија – СОКОМ, во која пристапија голем број автори незадоволни од работата на стручната служба на ЗАМП.

Ова е уште еден обид на ЗАМП за вршење притисок врз надлежните институции со цел оневозможување на функционирањето на СОКОМ-МАП и дејствување на сите незадоволни автори кои утврдиле и пријавиле бројни неправилности во нејзината работа. Недозволиво е стотина автори да носат одлука во име на сите 6.000 македонски автори и носители на авторски права.

Го повикуваме Министерството за култура итно да ѝ ја одземе лиценцата на ЗАМП и да овозможи непрeчено користење на делата на македонските автори од страна на радиодифузните организации, и да избегне понатамошно трошење на авторските средства поради најавените тужби од корисниците и непочитување на договорните обврски на ЗАМП кон нив“, пишува во соопштението објавено на веб страната на СОКОМ-МАП, како и на нивната фан страница на Фејсбук.

Фотографија: Фејсбук



Врати се горе ↑