Македонија sofija-tisina

31 јануари, 2013

Софија Манева сними видео запис за темата „Тишина”

Од неодамна нашата млада атрактивна пејачка Софија Манева се врати на македонската сцена со нејзиниот нов албум насловен „Тишина“.  Зад овој албум стојат личности од Кавадарци кои позади себе имаат дела на уметноста. На нејзиниот нов сингл од истоимениот албум работеа Перо Манев, Тони Соколов – Цока и Софија Манева, додека режисер на спотот е Пепи Ангелов.

Сниман на повеќе локации во градскиот парк во Кавадарци, во спотот учествуваат и членовите на групата Епидемија од Неготино. Овој видео запис се очекува да заврши со снимање кон средината на февруари. Љубителите на квалитетната македонска музика ќе можат да го проследат видео записот преку дистрибутивната мрежа на OnAir.FM Macedonia, веднаш штом ќе биде комплетно завршен. Во меѓувреме, додека го чекаме видео изданието на овој сингл од Софија Манева, слушнете ја нејзината „Тишина“ и погледнете фотографии од снимањето на спотот.

 

 



Врати се горе ↑