Аудио sofija-maneva3

16 јануари, 2013

Софија Манева се враќа со нов албум

Со комплетно нова приказна и албум, Софија Манева се враќа на македонската музичка сцена. Со песната „Тишина“ од истоимениот албум Софија ја опишува состојбата на нашата сцена и повикува на колективно будење против колективното труење со турбо фолк. Текстовите на песните се инспирирани од раскажани случни, чувства и убедувања на Софија Манева, па затоа секоја песна си носи своја приказна која треба да допре до срцето на слушателот.

Тишина за мене е посебен албум. Во музиката, текстот и аранжманот се препознава оригиналност која ќе ја почувствуваат слушателите. Самиот амбиент или атмосфера која се чувствува додека ја слушате е автентична за овие простори и тоа ја прави посебна кога станува збор за поп рок музика“ – вели Софија.

„Песната ,Тишина’ од истоимениот албум е инспирирана од она што се случува во последно време на полето забавна македонска музика. Поголем дел од изведувачите на забавната македонска музика трудејќи се да им угодат на некои уредници или иматели на електронски и пишани медиуму за да се најдат на нив ја занемарија оригиналноста, почнаа да се однесуваат да не кажам како “шизофреничари“, денес се Ријани, а утре Преслави, друг ден Аца Лукаси, па Сакис Руваси, па Карлеуши и што ли уште не. Затоа и самата песна Тишина е напишана и посветена на сите тие гореспоменати кои и воедно се одговорни за оваа тишина на македонската музика која ни се случува подолго време, се надевам дека ќе се препознаат сите засегнати во самиот текст од песната и секале или не, ќе мора да се случи колективно будење и да престане ова колективно труење.

,Тишина, нигде звук, луѓе играат. Еден лик, еден пат и сите чекорат.’

Тоа се првите два стиха од песната. Ако отидеш во која било соседна држава ќе слушнеш за нивната забавна музика, за оноа што е популарно, а кога ќе дојдеш во Македонија, ќе го слушнеш истото тоа за сите соседни држави само нема да слушнеш македонска забавна музика.

Ако случајно пак праша некој од гореспоменатите зошто е тоа така тогаш тие се спремни со часови да објаснуваат како сите во Македонија ја сакаат музиката од соседството и дека таа е многу квалитетна, а оваа нашава ништо не вреди и никој не сака да ја слуша. Е тоа не можам, не сакам и нема никогаш да го прифатам!“

 

„Втората песна која исто така денес е пуштена во етер го носи насловот Чудовиште. Оваа песна на поинаков начин ја опушува љубовта во секој човек. Приказна која најчесто се доживува во средношколските денови па така некои ќе се потсетат, некои ќе го препознаат, а некои ќе треба да пораснат па да го препознаат чудовиштето во себе“ – објаснува Софија за втората песна, која можете да ја преслушате во продолжение.

 

Покрај овие две на албумот ќе има уште шест различни теми кои се снимени во домашно студио на Софија.

Софија на македонската публика и стана позната по хитот „Љубов или нешто друго“ кој го издаде во 2008-ма година, но врвот во својата кариера го доживеа пред неколку години кога јавно ја нападна вулгарноста на раперите со песната „Лигав Тип“. Видео записот за оваа песна всушност претставуваше промотивно видео за правата на жените.



Врати се горе ↑