Видео 1

12 октомври, 2013

Софија Манева промовираше албум и видео запис

Завчера во Стрит бар во Кавадарци, во присуство на медиумите, претставници од општината, министерството за култура и свои блиски роднини и пријатели Софија Манева го промовираше својот деби албум насловен „Тишина“. По најавата од страна на водителот Марко, Софија излезе на сцената во креација на Љутикова пеејќи една од песните на албумот со наслов „Пробај сакај ме“, за која беше промовиран и видео запис.

Софија со еден краток времеплов со видеопроекција ги потсети присутните од нејзиниот почеток со музиката во 2007 година па сè до денес. Автори на песните се Тони Соколов – Цока и Перо Манев на една од песните како автор на музиката е Софија, песна со која Софија го продолжи својот настап изедувајќи ги и останатите песни од албумот.

Зоран Василевски Фаци, новинар со која Софија Манева го има направено своето прво интервју во 2007 година, им се обрати на присутните кажувајќи што го потикнало да ја покани Софија за интервју, зошто нејзините настани ги смета за посебни и оригинални и како и каде ја гледа во иднина.

Потоа следуваше прво јавно преслушување на материјалот преминувајќи од промоција во забава со Боби сакс и диџеј Бозо. Видео записот за „Пробај сакај ме“ можете да го видите во продолжение.

 



Врати се горе ↑