Македонија sofija maneva

23 декември, 2012

Софија Манева најави нов албум

„Тишина“ е насловот на новиот албум на Софија Манева, на кој ќе се најдат вкупно осум песни, а барем половина од ниц ќе добијат и видео записи. Во пресрет на албумот, во етер се пуштени два нови сингла.  Оваа млада пејачка дебитираше во 2007 година со песната „Ти знаеш“, а најдобро ја паметиме по големиот хит „Љубов или нешто друго“. Од деветте досегашни песни, познати се и „Лигав тип“, „Ми крадеш од солзите“, како и соработката со Јован Радњански „Секој ден“.

 

Извор: mmm.com.mk/фото: АниДими



Врати се горе ↑