Аудио 3

5 јуни, 2014

Софија Манева ја претстави баладата „Високо над сè“

„Високо над сè“ е насловот на новата балада на Софија Манева која од денес е во радио етерот. „За време на снимањето доживеав многу емотивни моменти, оваа музика е создадена со многу љубов и сè што очекувам е дека оваа балада ќе се слуша со уживање. Ова е моја прва песна на која јас сум автор на музиката и тое е уште една причина поради која  оваа пена ја доживувам на посебен начин“, изјави Софија. Текстот го напиша Перо Манев, а аранжманот е на Тони Соколов.

Како звучи оваа балада можете да слушнете во продолжение.

 



Врати се горе ↑