Балкан novi fosili

27 октомври, 2014

Со серија концерти „Нови фосили“ ќе се простат од својата публика во регионот

Една од најпопуларните поп групи на подачјето на поранешна Југославија, „Нови фосили“ одлучи да се прости од својата публика во регионот, а тоа веќе започна во саботата со концертот во големата сала на Сава центарот, во Белград. „Љубов која нема крај“ е насловот на приказната со која, сепак, ќе дојде до крајот на долгогодишната љубов меѓу „Нови фосили“ и нивната најверна публика, наведуваат организаторите на концертот.

Групата во следната една година ќе се прости од своите пријатели ширум регионот со серија концерти, а почетокот на турнејата е токму во Белград, каде имале некои од најуспешните и најголемите концерти.

Извор и фотографија: Нова Македонија



Врати се горе ↑