19 април, 2017

Со песна од Тоше, Драгана оди во полуфинале

Со македонска песна од нашата легенда Тоше Проески, 10-годишната кумановка Драгана Јовановска успеа да се пласира во полуфиналето на емисијата „Пинкови ѕвездички“. Во саботната епизода, таа го отпеа хитот „Во коси да ти спијам“, а жирито имаше само пофални зборови за нејзината изведба.

„Облечена си во црвена боја, бојата на љубовта, радоста. Ни го пренесе тоа. Шпанија на македонски начин. Беше одлична и секогаш да нè расположуваш вака како сега“, рече Јелена Томашевиќ, а како изгледаше сето тоа можете да погледнете горе, додека целата емисија ќе ја најдете овде. Уживајте!



Врати се горе ↑