Аудио 75563_448900181974778_9035196755362257235_n

26 јануари, 2016

Со новата песна, „Правописецот“ ќе се обиде да ве заспие

Стигна и седмата песна од првенчето на Дејан Илиев, кој се крие зад псевдонимот „Правописец“. За разлика од претходните теми што имавте можност да ги преслушате во текот на изминатиот период, новата песна насловена „Спиј“ е комплетно инструментална композиција, а како аранжер повторно се потпишува Дарко Тасев. На концепт албумот „Атермора“, кој е комплетно авторско дело на Илиев, се сместени 10 нумери, а покрај „Спиј“ се најдоа и воведната медодија „Дошло“, „Дали си ти“, „Каде, „Ајде научи“, Роботам“ и „Авантура“, додека останатите три ги очекуваме во периодот што следи.

 



Врати се горе ↑