Аудио 535146_1697384017150942_1849938808024361652_n

29 февруари, 2016

Со новата песна „Можеш ли без мене“ Теа го најавува својот прв албум

Освен што 2016 година е престапна и 29 февруари ќе го имаме дури за 4 години, специфичното за овој месец е тоа што тој започна и завршува со понеделник. Тоа значи дека оваа година во февруари имаме дури 5 понеделници, а вакво нешто ќе имаме дури за 28 години.

Токму на овој несекојдневен понеделник  младата пејачка Теа Трајковска на јавноста ѝ ја претставува својата нова песна „Можеш ли без мене“. Имено, овој нов сингл доаѓа по успешниот хит Доста глумиме“, со кој Теа минатата година ја освои наградата на МАРС“, Ѕвезда што се раѓа.

„Можеш ли без мене“ е авторско дело на Теа Трајковска, која го напиша текстот на песната во соработка со Магдалена Цветкоска Ена, додека музиката и аранжманот се на Лазар Цветкоски, а мастерот на Раде Врчаковски Врчак.

„По повод овој несекојдневен датум јас решив на сите да им подарам една лична приказна преточена во песна и притоа да им посакам убав почеток на месецот март, кој започнува утре. Со ’Можеш ли без мене’ го најавувам мојот прв албум кој треба да излезе до крајот на оваа година“, изјави Теа.

Видео записот за „Можеш ли без мене“ е во изработка и наскоро ќе се појави во јавноста, а како звучи новиот сингл на Теа можете да слушнете во продолжение. Уживајте!

 



Врати се горе ↑