Галерија IMG_3942

27 јуни, 2014

Со максимална поддршка од цела естрада, Димитар Андоновски го промовираше својот прв албум

Во одлична атмосфера и позитивни вибрации, со максимална поддршка од колегите од естрадата, вчера Димитар Андоновски, по долги години работа, го промовираше својот прв албум насловен „Ова небо знае сè“. На овој албум се најдоа вкупно 12 песни, дел од нив познати на македонската јавност, а дел сосема нови.

„Мојата музика е мојот живот, емоција која секогаш храбро и уникатно добива душа, благодарение на Лазар и Магдалена Цветкоски. Кога музиката е препознатлива и пеена таа е најголемата награда за еден пејач. Горила продукција, благодарам за организацијата, продукцијата, настаните, спотовите и сè што на мојата музика ѝ дава живот. Благодарам на моето семејство без кое никогаш немаше да стигнам таму каде што сум. Им благодарам и на моите колеги, соработници, пријатели и инспирации и најмногу Вам, драга публико. За вас постојам, создавам и пеам. Вашата љубов е мојот поттик… за да создавам музика која ќе трае“,  рече Димитар Андоновски во емотивна изјава.

Инаку на промоцијата, беше присутна скоро цела македонска естрада. Магдалена Цветкоска, Маја Вуќичевиќ, Роберт Билбилов, Тамара Тодевска, Нокаут, Сара Мејс, Александар Тарабунов, Дарко Илиевски, Влатко Лозаноски и уште многу други колеги и соработници го почестија Димитар со своето присуство.

Задоволен од соработката, Андоновски на овој албум ги сметки песните за кои се пронајде со работата на Лазар Цветкоски, Ена, Мартин Вучиќ, Калиопи и Слаткар. На оваа промоција, беа објавени и деталите околу новиот видео запис кој се снимаше пред неколку дена, на различни локации и има навистина интересна приказна. Тој треба да излезе за неколку дена, а останува на публиката да процени дали ќе ѝ се допадне.

Од Горила продукција изјавија дека Димитар го чека работно напорно лето исполнето со многу настапи пред публиката која сака да ја слуша неговата музиката.



Врати се горе ↑