9 февруари, 2018

Со концерт во Чикаго, Четкар ја завршува зимската турнеја во САД

Владимир Четкар овој вторник, 13 февруари, придружуван од септет ќе настапи во Чикаго во „Зипо“ (Xippo), со што ќе ја заокружи зимската турнеја во САД, во чии рамки беа опфатени и настапите во Њујорк, Кливленд и Детроит, каде Четкар настапи во едни од најпопуларните американски џез-клубови како што се „Најттаун“ (Nighttown) во Кливленд, „Мјузик хол џез-кафе“ (Music Hall Jazz Cafe) во Детроит и „Би-Би Кинг блуз клаб“ (BB King Blues Club) во Менхетен, Њујорк.

Дел од атмосферата на концертите можете да видите во видеото горе и фотографиите во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑