Концерт k

21 август, 2015

Со концерт на Калиопи ќе се затвори „Бит фест 2015“

Едно од најдолгите културни лета во Македонија, битолскиот „Бит фест 2015“ на 26 август (среда) ќе биде затворен со концерт на познатата дива Калиопи. Битолчани, кои токму со неа ја дочекаа и Новата 2015 година, следната недела уште еднаш ќе имаат можност да уживаат со рефрените од најголемите хитови на пејачката, овој пат во прекрасниот амбиент на античкиот локалитет Хераклеја.

Влезниците за концертот по цена од 150 денари можат да се набават секој ден во Центарот за култура во Битола или на самиот ден на настанот во амфитеатарот Хераклеја.

Во рамките на последните денови од Бит фест 2015 се закажани бројни културни настани и манифестации, како и концерти на „Новоградска“, „Гаврнмент“, „Памперси“, Сузана Турунџиева, а фестивалот и официјално ќе го означи својот крај на 27 август (четврток) со традиционалниот „Широк сокак во бело“ и настапот на познатиот диџеј и продуцент Џуниор Џек.



Врати се горе ↑