За Вас

22 мај, 2019

Со кого ја споредуваа Тамара на „Евровизија 2019“?

Додека едни уживаа во настапот на Тамара Тодевска во второто полуфинале и во финалето на „Евровизија 2019“, други ја споредуваа со познати личности од своите земји, но и со ликови од играните или анимираните филмови.

Имено, бројни евровизиски гледачи во Велика Британија, чие жири ни даде рекордни 12 поени, на социјалните мрежи споделија дека нашата Тамара премногу потсетува на помлада верзија на англискиот модел и телевизиска водителка Тес Дејли (50).

„Ќе се повторам од втората полуфинална вечер, но дали ова е Тес Дејли маскирана како претставничка на Северна Македонија?“, напиша еден гледач, а друг праша дали водителката си бара втора кариера како пејачка. Истиот коментар го дал и самиот коментатор Рајлан, кој ги соопшти и британските гласови во финалето.

„Британското жири ѝ даде 12 поени на Македонија бидејќи мислеше дека пее Тес Дејли, а тоа е најблиску до победа за нас“, напиша друг гледач.

Уште една споредба беше и со американската актерка Робин Рајт, поточно со нејзината улога на Клер Андервуд во хит-серијата „Куќа од карти“ (House Of Cards). 

„На Робин Рајт ѝ требаше нова работа откако заврши серијата“, напиша еден гледач, а друг додаде: „Клер Андервуд за Евровизија“.

На други гледачи пак, Тамара им личела и на американската актерка Кетрин Хајгл, позната по бројни романтични комедии и телевизиски серии, вклучувајќи ја и адвокатската „Suits“, во која играше и сега веќе британската принцеза Меган Маркл.

Сепак, поголемиот број од коментарите беа наменети за нејзиниот фустан, а многумина најмногу го споредуваа со оној на кралицата Елса од анимираниот филм „Снежното кралство“.

„Елса си го бара фустанот назад“, „Тој фустан ме потсетува на некого“, се дел од коментарите за креацијата на Александар Ношпал.

Некои го споредија и со освежувач за автомобил…

Или пак дека идејата ја украла од американската драг-кралица Венџи…

И секако, тука беа и споредбите со популарните британски чоколади…

Ова се само дел од интересните твитови за нашата годинашна претставничка, која постави нов рекорд во нашата евровизиска историја, освојувајќи го осмото, односно седмото место во финалето, а и првото место според гласовите на жиријата, сето тоа благодарение на коригираните резултати што беа објавени денеска.



Врати се горе ↑