Видео

24 јуни, 2019

Со емотивната „Тајно моја“, Антонија Гиговска оди во суперфиналето на „Пинковите ѕвездички“

Антонија Гиговска си обезбеди пласман за суперфиналето на емисијата „Пинковите ѕвездички – сите ѕвезди“, кое ќе се одржи в петок, на 28 јуни. Пејачката во финалето настапи со една од најпознатите песни на Тоше – емотивната „Тајно моја“ – по која беше насловен и првиот македонски мјузикл каде што токму Гиговска одигра една од главните улоги.

Таа в петок ќе се натпреварува со уште 11 кандидати, а воедно е и единствената Македонка што ќе се бори за победа во ова шоу. Како изгледаше нејзината изведба на оваа безвременска балада, дознајте во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑