Свет adele-0312-3-VO-FRNT20_20072559083

25 ноември, 2012

Со чија музика се заспива најлесно?

Интересно истражување направи фирмата „Travelodge“, а исто така се добиени и интересни резултати. Имено, како што пренесуваат британските медиуми, експертот за сон и спиење Стиви Вилијамс од Центарот за сон и спиење во Единбург изјавил дека резултатите од различни студии за сонот кои беа спроведени на мажи и жени укажуваат на тоа дека слушањето на нежна и релаксирачка музика пред спиење доведува до бројни бенефиции во текот на ноќниот сон. „Тие бенефиции вклучуваат подолг сон, ретко будење во текот на ноќта и овозможуваат побрзо да се потоне во длабок сон“ – рекол Вилијамс.

Според ова истражување во Велика Британија, на прво место се најде пејачката Адел, чија музика и пријатен смирувачки глас најмногу помага за полесно заспивање. Веднаш по неа се најде и бендот Колдплеј, кој и во 2008 и во 2010 година беше прогласен за бенд со кој најлесно се заспива. Трети на листата се Сноу Патрол, а на четвртата позиција се Уан Дајрекшн.

Истражувањето покажало дека четвртина од возрасните испитаници заспиваат слушајќи одбрана листа за заспивање на нивниот ајпод. Следниот пат кога ќе имате проблеми со спиењето, пробајте да заспиете со музиката на некои од гореспоменатите музичари. Можеби овој „рецепт“ ќе Ви помогне и Вам.

 



Врати се горе ↑