Аудио Лина П

6 октомври, 2017

Со баладата „Ако ме сакаш“, Лина Пејовска продолжува во финалето на „Макфест 2017“

15-годишната Лина Пејовска од Скопје, која публиката најдобро ја знае по учеството во „Пинковите ѕвездички“, годинава дебитираше на макфестовската сцена, каде што успеа да се пласира и во финале. Таа настапи во првата полуфинална вечер со прекрасната балада насловена „Ако ме сакаш“, која е авторско дело на Дарко Димитров (музика) и Елена Ристеска (текст).

После вчерашната одлична изведба во живо, сега ја имаме и студиската снимка, со која можете да уживате во продолжение!

 

Со „Ако ме сакаш“, Лина повторно ќе настапи и во големото макфестовско финале што ќе се одржи утревечер кога публиката во салата и пред ТВ екраните ќе одлучи во чии раце ќе одат главните награди. Среќно!



Врати се горе ↑