3 април, 2013

Снуп Лајон и Дрејк „Не дозволуваат пиштоли“

Снуп Лајон, неговата ќерка Кори Би и Дрејк се собраа заедно да ја направат песната „No Guns Allowed“, чиј видео запис беше претставен вчера, во кој се вметнати и аудио и видео снимки од неодамнешните инциденти со пукање ширум Америка и светот, а Снуп инсистира „Не сакаме повеќе да видиме да страдаат млади“.

Интересно е да се види како Снуп се залага за мир, додека на бројни песни сè уште се појавува како Снуп Дог, во кои неизбежни се вообичаените теми за секс и насилство. Оваа нумера ќе се најде на неговиот албум „Reincarnated“, закажан за 23-ти април, чиј извршен продуцент е Дипло, а покрај соработката со Дрејк, ќе се најдат и оние со Ти Ај, Ејкон, Крис Браун и Рита Ора.

 

Извор: Idolator



Врати се горе ↑