Свет snoop-lion

26 октомври, 2012

Снуп Дог станува Снуп Лајон

Американскиот рапер Снуп Дог најави два проекти од кои едниот е нов албум, а другиот документарен филм. И двата проекта ќе го носат истото име „Reincarnated“, а ќе бидат потпишани со новиот псевдоним на раперот – Снуп Лајон (Snoop Lion).

Неговиот филм Снуп ќе го промовира во февруари следната година, а за сега е достапен само на публиката на одбрани филмски фестивали. Истовремено ќе биде промовиран и истоимениот албум, кој најверојатно ќе биде саундтрак на филмот. За неговото документарно остварување кое го следи познатиот рапер, а сега и реге музичар и неговата „спиритуална трансформација“ до која дошол за време на неговата неодамнешна посета на Јамајка, Снуп изјави дека ако објавеше само нова музика, ќе се отвореа многу прашања и дека никој не би го сфатил целото патешествие и неговата трансформација. Со филмот тој сака да ја однесе неговата публика на патување заедно со него и само така сите ќе разберат зошто го променил името и зошто се променила музиката. Тој исто така истакна дека преминувањето во реге музиката не значи дека потполно завршил со хип хопот и појасни дека местото од каде што доаѓа е хип хоп, генгста рап, тоа е сè што отсекогаш бил, но сега смета дека оваа музика која говори за мирот, љубовта, единството и борбата е многу поадекватна за него.  На крај додаде дека поради почитта која ја ужива од публиката, во музичка смисла може да прави што и да посака.

Во продолжение погледнете го трејлерот за документарниот филм на сега веќе Снуп Лајон „Reincarnated“.

 

 

 



Врати се горе ↑