24 септември, 2015

Снуп Дог сними дует со српска пејачка

Популарниот американски музичар Снуп Дог гостува во новиот сингл на српската пејачка Љупка Стевиќ. Станува збор за темата насловена „Ole Ole“, за која е снимен и видео запис. 30-годишната пејачка од Костолац зад себе веќе има неколку хита како што се „Љуби, љуби док си млад“, „Етикета“ и „Дупли бол“, а новиот сингл со познатиот рапер го снимила летово за време на нејзиниот претстој во САД. Како изгледа и звучи сето тоа можете да видите горе.



Врати се горе ↑