Аудио snoop-dog-lion-snoopzilla

18 октомври, 2013

Снуп Дог повеќе не е Лајон, сега е Снупзила

Раперот кој пред година дена го прифати Растафаријанизмот и го промени името во Снуп Лајон за потребите на својата нова реге кариера и албумот „Reincarnated“, сега најавува фанк албум со Дејмон Ридик, попознат како Дам-Фанк (Dâm-Funk), во рамките на новопретставениот бенд „7 дејс оф фанк“ (7 Days Of Funk). Како фанк музичар, Снуп ќе го користи името Снупзила (Snoopzilla), a тоа го направи во чест на познатиот фанк басист Бутси Колинс, кој себеси се нарекол Бутзила.

„7 дејс оф фанк“ ќе го објави истоимениот деби албум на 10 декември под етикетата „Стоунс троу“, а видео записот на првата песна насловена „Faden Away“ можете да го погледнете во продолжение.

 

 

 



Врати се горе ↑