9 јуни, 2014

Снуп Дог гостува во новиот сингл на корејската сензација Псај

Корејскиот рапер Псај и неговиот хит кој ја одбележа 2012 година, „Гангнам Стајл“ неодамна забележа нов рекорд, односно 2 милијарди прегледи на сервисот ЈуТјуб, а за 8 јуни најави и нов сингл кој го носи насловот „Hangover“. Интересно е тоа што како засилување во новата песна гостува американскиот колега Снуп Дог. Оваа соработка за само 1 ден собра над 6 милиони прегледи, а времето ќе покаже дали ќе го повтори успехот на неговите претходници „Гангнам Стајл“ и „Џетлмен“. Како звучи и изгледа новиот сингл можете да погледнете горе.



Врати се горе ↑